| четврток, 6 декември 2018 |

Визер со шест нови авиолинии од Македонија

визер

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од утре воведува директни авиолинии до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и до Фридихшафен. Авионите на „Визер“ од аеродромот Александар Велики во Скопје ќе сообраќаат до овие дестинации двапати неделно.

Од аеродрмот „Св. Апостол Павле“ од Охрид, пак, од задутре, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел, исто така, двапати неделно.

На новите шест авиолинии „Визер“ ќе оперира со субвенции од македонската влада, во согласност со договорот со Министерството за транспорт и за врски.

Во изминатиот период преку Проектот за доделување финансиска поддршка на нови авиолинии беа воведени директни летови кон: Малме, Базел –Милхаусен, Милано –Бергамо, Ајндховен, Дортмунд , Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон-Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top