Автомобилот во кој загина сопственикот на Фокус Никола Младенов се уште е на местото каде што завршил по неколку кратното превртување при излетувањето од автопатот Скопје- Велес, во близина на Хиподом.
Како што јавува екипата на Република, увидот се уште не е почнат, а и никој не се приближува до возилото. Според извори на Република, се чека да пристигне екипа од Институтот за судска медицина за да се изврши позитивна идентификација на телото. Се уште нема информации и дали со него во возилото има и други настрадани. На местото треба да пристигне и механизација за подигнување на возилото.
Истрагата треба да ги утврди околностите под кои настанала трагичната сообраќајна несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Еден Азар: Рано е за разговори за нов договор, сега сум фокусиран само на крајот на сезоната
-
Груевски: Во Преспа во патната и комуналната инфраструктура се инвестирани 15 милиони евра
-
Дали „Фокус“ свесно учествувал во конструирањето на аферата со лажните пасоши?!
-
Личните карти од насловната на „Фокус“ не биле употребени никогаш