Белата куќа ги осуди денешните напади во Тунис, Кувајт и во Франција, нарекувајќи ги „одвратни“, изрази солидарност и залагање за борба против тероризмот и понуди помош.
– Нашите мисли и молитви се со жртвите на тие одвратни напади, со нивните најсакани, и народите од трите држави, се вели во соопштение од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.
– Заедно сме со тие држави додека тие реагираат на нападите на нивна територија, а во контакт сме со партнери во сите три држави за да понудиме потребна поддршка, се истакнува во соопштението.
По нападите, американското Министерство за внатрешна безбедност соопшти дека американските безбедносни служби треба да бидат внимателни и подготвени особено пред националниот празник 4 Јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.