Градските власти во Вашингтон денеска прогласија вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот Флоренс.
Вчера Флоренс стигна до четврта категорија на петстепената скала на Сафир-Симпсон. Окото на ураганот е на околу 1.985 километри југоисточно од крајбрежјето на Северна Каролина. Стихијата се движи кон запад и се очекува да стигне до брегот на САД во четврток.
Претходно властите во четири држави – Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд, исто така воведоа вонредна состојба поради ураганот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.