| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајни несреќи: Во 30 проценти алкохолот е причина; во 50 проценти жртви се младите

Кам­па­њи­те за све­ста за без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот во­дат кон на­ма­лу­ва­ње на цр­на­та ста­ти­сти­ка за не­сре­ќи со смрт­ни пос­ле­ди­ци. По оп­сеж­на­та кам­па­ња „По­чи­ту­вај ги пра­ви­ла­та, по­чи­ту­вај го жи­во­тот“, за 30 про­цен­ти е зго­ле­ме­на упо­тре­ба на си­гур­нос­ни­от по­јас во авто­мо­би­ли­те, вели Стој­че Ста­мен­ков­ски, пре­тсе­да­те­л на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП)

Очиг­лед­на е зго­ле­ме­на­та упо­тре­ба на ве­ло­си­пе­ди­те и на дру­ги во­зи­ла на две тр­ка­ла низ Скоп­је, но и над­вор од ур­ба­ни­те сре­ди­ни, па и акту­ел­ни­те кам­па­њи се со­од­вет­ни.
Ста­мен­ков­ски: Со­о­бра­ќа­јот е се­ко­гаш акту­ел­на те­ма, осо­бе­но во лет­ни­от пер­и­од, ко­га се ме­ну­ва­ат ус­ло­ви­те, од­нос­но има зго­ле­мен ин­тен­зи­тет под ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра. Ве­ло­си­пе­дот сѐ по­че­сто се упо­тре­бу­ва ка­ко пре­воз­но средс­тво и тоа е до­бро би­деј­ќи е нај­е­ко­но­мич­но и нај­е­ко­ло­шко средс­тво. Но исто­вре­ме­но, ста­ти­сти­ка­та по­ка­жу­ва и зго­ле­ме­на број­ка на ве­ло­си­пе­ди­сти што се жр­тви во со­о­бра­ќај­ни не­сре­ќи. Ре­пуб­лич­ки­от со­вет за без­бед­ност на со­о­бра­ќа­јот на па­ти­шта­та спро­ве­де кам­па­ња за ран­ли­ви­те ка­те­го­рии во со­о­бра­ќа­јот, од­нос­но ве­ло­си­пе­ди­сти­те, мо­то­цик­ли­сти­те, ма­ту­ран­ти­те и по­во­зрас­ни­те ли­ца. Ста­ти­стич­ки, во вкуп­на­та број­ка на не­сре­ќи, овие ка­те­го­рии учес­тву­ва­ат со це­ли 50 про­цен­ти. На по­че­то­кот ре­а­ли­зи­рав­ме кам­па­ња за по­диг­ну­ва­ње на без­бед­но­ста на пе­ша­ци­те, апе­ли­рав­ме на тоа де­ка и тие има­ат од­го­вор­ност за тоа ка­ко ќе изг­ле­да це­ла­та со­о­бра­ќај­на сли­ка. По­тоа спро­ве­дов­ме мер­ки на­ме­не­ти за по­во­зрас­ни­те би­деј­ќи тие че­сто се жр­тви на па­ти­шта низ др­жа­ва­та. Сле­ду­ва­ше пер­и­о­дот на ма­тур­ски прос­ла­ви, пер­и­од ко­га тра­ди­ци­о­нал­но, се­ко­ја го­ди­на, ги спро­ве­ду­ва­ме кам­па­њи­те на­ме­не­ти за мла­ди­те. Овој ме­сец бе­ше акту­ел­на кам­па­ња­та на­ме­не­та за ве­ло­си­пе­ди­сти­те – апе­ли­рав­ме за по­ма­сов­но учес­тво на ве­ло­си­пе­ди­те во со­о­бра­ќа­јот. Исто­вре­ме­но упа­тив­ме ди­рект­ни по­ра­ки до во­за­чи­те де­ка тре­ба да ги по­чи­ту­ва­ат ве­ло­си­пе­ди­сти­те, но и до ве­ло­си­пе­ди­сти­те де­ка и тие има­ат од­го­вор­ност да ги по­чи­ту­ва­ат со­о­бра­ќај­ни­те пра­ви­ла.

 

Ле­то­во има и дру­га кам­па­ња за мла­ди­те и за ал­ко­хо­лот и за во­зе­ње­то во лет­ни ус­ло­ви.
Ста­мен­ков­ски: Таа се ба­зи­ра на свет­ска­та ста­ти­сти­ка, ко­ја ве­ли де­ка око­лу ед­на тре­ти­на од не­сре­ќи­те се дол­жат на ал­ко­хо­лот, а око­лу ед­на по­ло­ви­на од жр­тви­те се мла­ди. Кам­па­ња­та е по­де­ле­на на два сег­мен­та, пр­ви­от е мла­ди­те и ал­ко­хо­лот, до­де­ка вто­ри­от е во­зе­ње во лет­ни ус­ло­ви, од­нос­но ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра. Ре­а­ли­за­ци­ја­та на пр­ви­от сег­мент поч­на на по­че­то­кот на ју­ни и се ре­а­ли­зи­ра во рам­ки на ноќ­ни­те клу­бо­ви. На те­рен ќе го сле­ди­ме од­не­су­ва­ње­то на мла­ди­те за­тоа што нај­че­сти­те гре­шки кај оваа цел­на гру­па и пи­е­ње­то ал­ко­хол се слу­чу­ва­ат ток­му во те­кот на но­ќта. Еу­фо­ри­ја­та е по­го­ле­ма, при­дру­же­на со пи­е­ње ал­ко­хол. Свет­ска­та ста­ти­сти­ка по­ка­жу­ва де­ка во­деч­ка при­чи­на за смрт­ност кај мла­ди­те се ток­му со­о­бра­ќај­ни­те не­сре­ќи, а го­лем про­цент се дол­жи ток­му на ал­ко­хо­лот и на зго­ле­ме­на­та бр­зи­на.

 

Ка­ко сте при­фа­те­ни низ ба­ро­ви­те, ноќ­ни­те клу­бо­ви?
Ста­мен­ков­ски: Ге­не­рал­на­та сли­ка ко­га е во пра­ша­ње со­о­бра­ќа­јот е дол­го­ро­чен про­цес за кој е по­тре­бен долг пер­и­од за да се из­гра­ди. Учес­тво­то во со­о­бра­ќа­јот прет­ста­ву­ва и ин­ди­ви­ду­а­лен при­до­нес на се­кој учес­ник кон по­без­бе­ден со­о­бра­ќај. Це­ли­от про­цес ба­ра за­ед­нич­ки при­од на си­те ин­сти­ту­ции што ја гра­дат оваа сли­ка. Ка­ко со­бра­ни­ско те­ло што спро­ве­ду­ва актив­но­сти кон по­диг­ну­ва­ње на без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот си ја зе­мав­ме таа уло­га да би­де­ме ча­дор и да ги ко­ор­ди­ни­ра­ме тие ин­сти­ту­ции. Ние го ра­бо­ти­ме тој дел кон пре­вен­тив­ни­те и еду­ка­тив­ни­те актив­но­сти. Мо­рам да наг­ла­сам де­ка ва­жен при­до­нес во по­диг­ну­ва­ње­то на без­бед­но­ста има МВР би­деј­ќи факт е де­ка по­без­бе­ден со­о­бра­ќај зна­чи и за­кон­ска ре­гу­ла­ти­ва, ре­пре­си­ја и слич­но.

За тоа ка­ко сме при­фа­те­ни на те­рен, искус­тво­то по­ка­жу­ва де­ка мла­ди­те се свес­ни за ри­зи­кот во кој вле­гу­ва­ат и де­ка по­све­ту­ва­ат вни­ма­ние на без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот, но има про­стор за ра­бо­та и за по­диг­ну­ва­ње на све­ста кај оваа ка­те­го­ри­ја. Ста­ти­сти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка бро­јот на со­о­бра­ќај­ни не­сре­ќи се на­ма­лу­ва. За 2014 го­ди­на има­ме пад од 35 про­цен­ти во спо­ред­ба со 2013 го­ди­на, ко­га се ре­ги­стри­ра­ни 198 за­ги­на­ти, а пр­ви­те шест ме­се­ци го­ди­на­ва по­ка­жу­ва­ат на­дол­на тен­ден­ци­ја, и тоа е знак де­ка кам­па­њи­те, и на­ши­те и вла­ди­на­та „По­чи­ту­вај ги пра­ви­ла­та, по­чи­ту­вај го жи­во­тот“ се по­зи­тив­но при­фа­те­ни и да­ва­ат ре­зул­та­ти. На при­мер, истра­жу­ва­ње­то за упо­тре­ба­та на без­бед­нос­ни­те по­ја­си, во спо­ред­ба пред и по оваа кам­па­ња, по­ка­жаа 30 про­цен­ти зго­ле­ме­на свес­ност за упо­тре­ба­та на по­ја­си­те.

 

Град­ски­те вла­сти го нај­а­ви­ја „Скоп­је ве­ло­град 2017 го­ди­на“, ка­ква е ва­ша­та уло­га во тој про­ект? Европ­ско­то и свет­ско пра­кти­ку­ва­ње на та­ква­та ин­фра­стру­кту­ра, ка­ко и ко­ри­сте­ње­то на ве­ло­си­пе­ди­те и на јав­ни­от пре­воз ме­сто авто­мо­би­ли­те не е но­во.
Ста­мен­ков­ски: Ка­ко те­ло што има цел уна­пре­ду­ва­ње на без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот, ние ко­му­ни­ци­ра­ме со си­те ин­сти­ту­ции на цен­трал­но и на ло­кал­но ни­во што ра­бо­тат на ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти. Ед­на од клуч­ни­те стра­те­ги­ски актив­но­сти што тре­ба да се пре­зе­мат е вло­жу­ва­ње­то во по­без­бед­на ин­фра­стру­кту­ра. На­ше­то искус­тво, те­о­рет­ско и пра­ктич­но, ка­ко и ко­му­ни­ка­ци­ја­та со со­ра­бот­ни­ци­те од ЕУ ве­лат де­ка до­бра ло­кал­на са­мо­у­пра­ва е таа што вло­жу­ва во ква­ли­тет­на ин­фра­стру­кту­ра и со тоа ја по­диг­ну­ва без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот. И вла­да­та и ло­кал­ни­те вла­сти ги ста­ви­ја тие про­е­кти ви­со­ко на аген­да­та. Та­ков про­ект е и „Скоп­је ве­ло­град“, со што ќе се олес­ни дви­же­ње низ гра­дот и без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот. Ту­ка се и тие ка­пи­тал­ни ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти што се ре­а­ли­зи­ра­ат од вла­да­та, од Аген­ци­ја­та за др­жав­ни па­ти­шта, за­тоа што тие про­е­кти ќе при­до­не­сат за по­без­бе­ден со­о­бра­ќај, а со тоа и за на­ма­лу­ва­ње на бро­јот на не­сре­ќи со жр­тви и со по­вре­де­ни. Со тоа Ма­ке­до­ни­ја ќе се доб­ли­жи до тој европ­ски про­сек, кој, за жал, ни е сѐ уште да­ле­ку по бро­јот на со­о­бра­ќај­ни не­сре­ќи и бро­јот на жр­тви во нив.

 

Во таа на­со­ка, изра­бо­те­на е вто­ра­та на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја , стра­те­ги­ски до­ку­мент за след­ни­те пет го­ди­ни до 2020 го­ди­на.
Ста­мен­ков­ски: На оваа стра­те­ги­ја е ра­бо­те­но по­долг пер­и­од, две до три го­ди­ни, и прет­ста­ву­ва рам­ка на актив­но­сти, мер­ки и ин­стру­мен­ти, кои ќе би­дат пре­зе­ме­ни од си­те над­леж­ни ин­сти­ту­ции во оваа об­ласт. По­сто­јат кра­тко­роч­ни и дол­го­роч­ни це­ли во неа, за пре­ку нив да се на­ма­ли бро­јот на жр­тви во со­о­бра­ќај­ни­те не­сре­ќи. Глав­ни при­о­ри­те­ти се по­диг­ну­ва­ње на јав­на­та свест, кон­ти­ну­и­ра­на еду­ка­ци­ја, тра­ди­ци­ја на без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот, за­си­лу­ва­ње на уло­га­та на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва, за­шти­та­та на ран­ли­ви­те ка­те­го­рии учес­ни­ци во со­о­бра­ќа­јот, по­до­бре­на пат­на ин­фра­стру­кту­ра. Оваа вто­ра на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја е кон­ти­ну­и­тет на пр­ва­та стра­те­ги­ја. Во оваа при­го­да мо­рам да наг­ла­сам де­ка бор­ба­та за по­без­бе­ден со­о­бра­ќај е за­ед­нич­ка, де­ка си­те тре­ба да го да­де­ме сво­јот ли­чен при­до­нес, де­ка ни­ко­гаш не за­ста­ну­ва, од­нос­но е еден долг и кон­ти­ну­и­ран про­цес, кој го во­ди­ме за­ед­нич­ки.

 

Акту­ел­на и чув­стви­тел­на те­ма во рам­ки на без­бе­ден со­о­бра­ќај е дви­же­ње­то на еми­гран­ти­те. Бро­јот на жр­тви­те на же­лез­нич­ки­те пру­ги бе­ше го­лем. Сле­ду­ва­ше нив­но па­ту­ва­ње со ве­ло­си­пе­ди на авто­па­ти­шта­та во нај­фре­квент­ни­от пер­и­од и во ек­стрем­ни кли­мат­ски ус­ло­ви.
Ста­мен­ков­ски: Тоа е акту­ел­на те­ма, ко­ја, за жал, е ди­рект­но по­вр­за­на со не­без­бед­но учес­тво во со­о­бра­ќа­јот. Се­кој та­ков че­кор е ди­рект­на опас­ност за нив и ди­рект­но на­ру­шу­ва­ње на без­бед­но­ста во со­о­бра­ќа­јот. Пред сѐ, дви­же­ње­то по пру­ги­те и во ден­ски и во ноќ­ни ус­ло­ви е ди­ре­ктен ри­зик за нив­ни­от жи­вот; бе­ше ди­рект­на при­чи­на за ни­за не­сре­ќи на пру­ги­те низ РМ. Се­га е акту­ел­но нив­но­то учес­тво во со­о­бра­ќа­јот низ фре­квент­ни­те па­ти­шта­та со ве­ло­си­пе­ди, што е спро­тив­но на за­кон­ски­те ре­гу­ла­ти­ви во РМ. Си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се на­о­ѓа­ат, ве­ро­јат­но, ги при­си­лу­ва на тоа, но ни­ту ед­на со­стој­ба не е до­вол­на за да ри­зи­ку­ва­ме жи­вот со учес­тво во со­о­бра­ќа­јот. Апе­ли­рам до МВР да ги пре­зе­ме си­те мер­ки за да обез­бе­ди по­си­гу­рен транс­порт на еми­гран­ти­те низ РМ, а и до гра­ѓа­ни­те што се во ко­му­ни­ка­ци­ја со нив, освен да им да­дат по­мош и кра­ток со­вет де­ка на­чи­нот на кој се од­не­су­ва­ат во со­о­бра­ќа­јот е не­без­бе­ден.

 

Разговараше: Наум Стоилковски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто е објавено во 146. број на неделникот Република, 19.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top