Филмовите „Седум дена во Хавана“ и „Во себе“ од утре, четврток, 28 март ќе почнат да се прикажуват во скопското кино „Милениум“.
Филмот „Седум дена во Хавана“ својата македонска премиера ја имаше на фестивалот „Синедејс“, а од утре ќе биде редовниот репертоар на скопското кино. Седум режисери, седум различни (или слични) погледи на денешна Куба, раскажани во седум дена од секојдневието на Хавана…

Во филмот „Во себе“ (The Host) игра млада, но талентирана актерска екипа, снимен, а е во режија на одличниот Ендрју Никол, човекот кој го режираше фантастичниот „Господар на војната“ а се потпиша зад сценариото на „Шоуто на Труман“. Премиерата во Скопје е на денот на светската премиера, единствено во кино „Милениум“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Вдовици“ од МекКвин пристигнува во кината
-
Од денеска во скопското кино „Милениум“ се прикажува најновиот филм на Милчо Манчевски „Бикини Мун“
-
Македонска премиера „Бикини Мун“ на Манчевски: Повеќе сакам да пишувам отколку да режирам
-
„Предавство“ најдобриот шпионски филм оваа година во кината од 1 март


