| четврток, 6 декември 2018 |

„Предавство“ најдобриот шпионски филм оваа година во кината од 1 март

 

Оваа 2018 година е дефинитивно добра година за добри филмови, а „Предавство“ е еден од нив. Овој шпионски трилер, базиран на книга на поранешниот оперативец на ЦИА Џејсон Метјус, пристигнува во домашните кина на 1 март,
Овој мистериозен трилер ни ја носи приказната за девојката која важи за најсмртоносниот руски агент.

Доминика Ергова (Џенифер Лоренс) е посветена ќерка решена да ја заштити мајка си по секоја цена. Примабалерина чија свирепост го носи нејзиното тело до апсолутна граница. Господарка на заводливи и манипулативни борби. Кога ќе претрпи повреда поради која и завршува кариерата, Доминика и нејзината мајка се соочуваат со мрачна и несигурна иднина. Очајна и изманипулирана, таа се приклучува на обука во таканаречената Школа за Врапци, тајна разознавачка агенција која обучува извонредни млади луѓе кои ги користат своите тела и умови како оружје. По долг и садистички процес на обука, таа станува најопасното Врапче излезено од програмата.

-Оваа улога бараше сериозна физичка подготовка. За балетските сцени морав многу да тренирам -три месеци, по четири часа секој ден. Тоа беа навистина интензивни тренинзи, но сепак недоволни да ме доведат до нивото на една балерина од Бољшој театарот, објаснува Џенифер Лоренс.
Режисер на филмот „Предавство“ е Френсис Лоренс, режисер на филмовите „Игри на гладта“, а главната улога ја исполнува оскаровката Џенифер Лоренс, која је предводи сјајната екипа во која се Џоел Еџертон, Шарлот Рамплинг и Џереми Ајронс.

Филмот „Предавство“ од 1 март ќем се најде на редовниот репертоар во кината ширум Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top