| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен идентитетот на женскиот труп во Вардар кој го пронајдоа гемиџиите

Според информацијата од СВР Велес женскиот труп кој денеска околу 10 и 30 часот беше забележан од учесниците во Вардарската регата „Гемиџии“ во водите на Вардар во близина на велешкото село Караслари, попладнево е извлечен и идентификуван.

trup

Станува збор за лицето Александра Т. родена 1941 година од Велес, а која  од страна на нејзиното семејство беше пријавена во СВР Велес како исчезната.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, по наредба на јавен обвинител телото на жената е предадено на фамилијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top