Резултатите од екстерното тестирање во јунската сесија 2014/2015 година се објавени денеска.
Известувањето за постигањата на учениците на спроведеното екстерно тестирање во јунската сесија 2014/2015 ви го пренесуваме во целост.
Од вкупно предвидените 183.790 ученици во оваа фаза, по два предмети тестирани се 177.478, само по еден предмет тестирани се 2.619 ученици, додека 3.693 ученици воопшто не се тестирани. Оправдано отсутните ученици ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се одвива од 17 до 20 август.
Од денес резултатите ќе бидат истакнати во училиштата. Учениците ќе можат да ги погледнат оценките кои ги добиле и почнувајќи од утре 26 јуни, а заклучно со 30 јуни (вторник) ќе можат да поднесуваат приговори до Училишната комисија. При поднесување на приговорот ученикот има право на увид во тестот.
По обработката на сите тестови по сите предмети во сите одделенија и години на образование, констатирана е просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3,26(минатата година беше 3,6).
На ниво на општина најдобри постигнувања имаат следните:
| Центар |
4,59 |
| Вевчани |
4,58 |
| Аеродром |
4,44 |
| Карпош |
4,40 |
| Кисела Вода |
4,26 |
Одделно по училишта, земајќи го во предвид бројот на ученици во секое од нив,најдобри резултати постигнаа учениците од следните училишта:
|
1 |
ОУ ЛАЗО ТРПОВСКИ КАРПОШ |
4,83 |
|
2 |
ОУ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ КАРПОШ |
4,80 |
|
3 |
ОУ ЈОХАН ХАЈНРИХ – ПЕСТАЛОЦИ ЦЕНТАР |
4,76 |
|
4 |
ОУ 11 ОКТОМВРИ ЦЕНТАР |
4,75 |
|
5 |
ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЦЕНТАР |
4,74 |
|
6 |
ОУ КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ ЦЕНТАР |
4,72 |
|
7 |
ОУ ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ АЕРОДРОМ |
4,69 |
|
8 |
ОУ ПЕТАР ПОП АРСОВ КАРПОШ |
4,69 |
|
9 |
ОУ ЉУБЕН ЛАПЕ АЕРОДРОМ |
4,67 |
|
10 |
ОУ КОЧО РАЦИН ЦЕНТАР |
4,67 |
Од средните училишта највисоки постигања имаат:
|
1 |
СУГС Раде Јовчевски Корчагин Скопје |
4,31 |
|
2 |
СУГС Гим. Орце Николов Скопје |
4,26 |
|
3 |
СОУ Гим. ,Јосип Броз Тито Битола |
4,05 |
|
4 |
ОСУ Св.Климент Охридски Охрид |
4,02 |
|
5 |
СОУ Гим Гоце Делчев Куманово |
3,82 |
|
6 |
СУГС Никола Карев Скопје |
3,81 |
|
7 |
СОУ Гим. Кочо Рацин Велес |
3,72 |
|
8 |
СОУ Славчо Стојменски Штип |
3,70 |
|
9 |
СОЕУ Јане Сандански Битола |
3,68 |
|
10 |
СУГС Георги Димитров Скопје |
3,65 |
Податоците за просечните оценки на останатите училишта ќе бидат доставени на увид донивните основачи т.е. градоначалниците и Министерството за образование и наука.
За деветоодделенците:
Врз основа на обработените податоци за деветооделенците, просечната оцена за нив е 3,04. За резултатите на деветто одделенците пристигнаа вкупно 223 приговори од кои 51 се прифатени, 144 одбиени, а 28 се делумно прифатени (кога ученикот приговарал на 5 прашања, а прифатени за корекција му се 2 прашања).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



