Во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, во рамки на „Скопско лето“ беше отворена изложба на уметникот Анже Галус Петелин од Словенија.
На изложбата ќе бидат изложени 24 ликовни творби создавани од 2010 до 2015 (Љубљана – Лондон – Фиренца – Љубљана). Изложбата е најавена како приказна која кружно ќе нѐ прошета низ авторовите бурни периоди на творење, па сѐ до умерените нежни тонови и љубезно играње на четката по платното.
„Круг е животот – животот е круг“, вели Анже Галус Петелин, кој е познат сликар, скулптор, поет и музичар.
Досега реализирал повеќе самостојни изложби во Словенија и во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.