Во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево в петок, 26 јуни, во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба „Трансформации – светиот баланс“ на Алма Идризи.
Алма Идризи е мултимедијален уметник, чиишто дела се претставени преку дигиталната фотографија, сликарство, цртеж, илустрација, видео, анимација, мода и изработка и дизајн на накит.
Нејзината употреба на медиумите се заснова врз потребата да се претставуваат делата во нивната целосна звучност, поради потребата за изразување во целосна неограничена слобода на постоењето, како резултат на внатрешен план моралната чистота на целите.
Таа досега со своите дела се претставила на многу интернационални групни и самостојни изложби. септември учествуваше на Биеналето во Harlech- Whales, Велика Британија каде што се претстави со 4 фотографии, во Октомври беше поканета и да учествува во Есенскиот Салон во Париз каде исто така се претстави со фотографии, потоа во ноември беше поканета во Лоѕ – Полска, во галеријата Корбо каде што имаше и конференција, во декември исто така учествуваше и во големата интернационална изложба ЈАС СУМ ЖЕНА во Музејот за Современи Уметности КАМ, во Италија.
Воедно истовремено учествува во организацијата и спроведување на интернационалниот проект НетКАМ, каде што се претставува на широката светска сцена, почнувајќи од Гостивар и Скопје, овој проект потоа продолжи и во Турција, Хрватска, Грчка, Црна Гора итн.
Сега исто така, ќе се претстави со 24 концептуални фотографии со кои што го изразува својот крик против однапред одредените правила на животот од страна на општеството и традициите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.