Во кафе бар „Ли“, во четврток, 25 јуни 2015 год., со почеток во 20 часот ќе биде промовирана првата самостојна изложба „Слики наместо зборови“ на Ленче Данаиловска.
На изложбата ќе бидат поставени триесетина дела работени во техниките акрил на платно, комбинирана техника, графит на хартија.
„Слики наместо зборови“ е прво јавно претставување на Данаиловска. Насловот на изложбата го претставува визуелниот израз, сликата, како колоритна поезија, зборови во боја.
Ленче Данаиловска е родена во Скопје, 1975 година.
По професија е електротехнички инженер. Живее и работи во Скопје. Со сликање, цртање и вајање се занимава уште од детството, од чиста љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.