| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на грчката дипломатија во посета на Скопје

 

kodzias На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска во еднодневна работна посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас.

За време на посетата, соопшти МНР, министерот Коѕијас, како што е најавено, треба да биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од претседателот на  Владата на Република Македонија, Никола Груевски, како и од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Коѕијас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии, односно на СДСМ, Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти грчкото МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top