| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Џамбазов преживеа удар

игор

На актерот и шоумен Игор Џамбазов му се слошило, и завршил во една од скопските болници каде што, по прегледот, му е констатирано затнување на вена и вграден му е стент, пишува Вест.

Негов близок другар вели дека цела среќа е што Игор бил во Скопје и веднаш се реагирало. Игор не беше достапен за коментар, но негови блиски велат дека место за паника нема и оти со него сe е во ред.

-Игор имаше затнување на вена и му ставија стент. Зафатот траеше ден час. Сега е добро, се разбуди и во болница е. Ни рекоа дека по три дена ќе го пуштат, и веднаш заминува за Слепче каде што ќе се посвети на здрав начин на живот.Тоа значи дека ќе мора да се збогува со цигарите или барем да ги намали, бидејќи цел живот е пушач. Игор вети дека ако не успее сосема да ги откачи, тогаш ќе ги сведе на минимум, до пет цигари дневно – вели неговиот другар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top