| четврток, 6 декември 2018 |

Додик: Босански јазик не постои

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, тврди дека не постои босански јазик, тоа не го пишува ниту во ентитетскиот Устав, односно деканикаде не постои одлука за босански јазик. ­

– Бошњаците унилатерално донесоа одлука дека тоа е нивни јазик – истакна Додик на прес­ -конференција.

Тој нагласи дека не е против тоа Бошњаците да зборуваат и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но дека не можат да им го наметнуваат на други.

Министерството за образование и за култура на РС тврди дека училиштата во овој босанско­-херцеговски ентитет запишувајќи им на бошњачките ученици во сведителствата „бошњачки јазик“, место претходниот термин „босански јазик“, постапиле врз основа на Уставот на РС „почитувајќи го српскиот правопис“.

Во Уставот на РС експлицитно е утврдено дека „службени јазици во Република Српска се: јазикот на српскиот народ, јазикот на хрватскиот народ и јазикот на бошњачкиот народ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top