Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави синоќа во Нови Сад дека Србија и РС во овој век ќе бидат заедно во територијална и државна смисла.
– Верувам дека во овој век српскиот народ поради страдањата во минатото ќе има право да биде заедно и тоа е сосема природно, истакна Додик во новосадската населба Ветерник по повод одбележување на Денот на сеќавањето на сите настрадани и протерани Срби во акцијата на хрватските воени сили „Бура“.
Тој изрази верување дека ќе дојдат нови генерации кои ќе читаат книги, мемоари и ќе знаат што се случило тука.
Додик нагласи дека „Србите мора да се осврнат кон животот, мора да направат се за да бидат заедно и помногубројни, мора повеќе да се работи и да се верува во Србија, во Република Српска и во српскиот народ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.