| четврток, 6 декември 2018 |

Додик: Република Српска следната година ќе добие нов Устав

Република Српска следната година ќе влезе во процес на изработка на нов Устав, кој „нема да биде сецесононистичи, но ќе и овозможи да се занимава со прашањето за отцепување“ од Босна и Херцеговина, изјави претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик.

– Сегашниот Устав на Република Српска не одговара на потребите на народот што живее во неа, порача синоќа Додик на собир на Правниот факултет во Бања Лука, одржан по повод 25-годишнината од усвојувањето на актулениот највисок законски акт на ентитетот.

Додик најави дека по усвојување на новиот Устав во собраниска процедура, тој ќе биде ставен на изјаснување на уставен референдум, по што доколку биде одобрен, ќе биде прогласен од страна на Народното Собрание на Република Српска.

– Овој собир е добра можност да ја промовираме идеја за изготвување на нов Устав следната година, во согласност со демократските потреби на народот и потребите на  Република Српска. Ова е добра можност да се проговори на таа тема, порача Додик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top