Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска предупреди дека инсистирањето на властите во Приштина на сила да ја формираат војската на Косово е удар врз вкупната стабилност во регионот.
Тој изрази задоволство од фактот што НАТО, САД и другите фактори од Запад му се спротивставија на формирањето војска на Косово, што како концепт претседателот на Косово, Хашим Тачи, упорно го најавува веќе подолго време.
– Доколку НАТО и САД, сепак, попуштат за ова прашање, тоа само уште повеќе ќе ги зајакне барањата во Република Српска за враќање на изворниот концепт од Дејтонскиот договор и организирање Војска на Република Српска – рече Додик.
Тој напомена дека, како претседател на Република Српска, кој е постојано е изложен на барања за откажување од спогодбата за Вооружените сили на БиХ и враќање на концептот на војска на Република Српска, во таква ситуација многу му е тешко на јавноста да и објасни зошто тое не може да се направи.
Тој предупреди дека е очигледно дека Косово се обидува да конципира некои работи кои се надвор од релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН и претходните договори, место да пристапи кон реализација на веќе договорениот концепт на Заедницата на српски општини во Косово.
Во изјавата за агенцијата Срна, Додик го повтори својот претходен став дека целиот регион треба да влезе во некој вид демилитаризација, а не дополнителна милитаризација.
– Инсистирањето на властите во Приштина на сила да ја формираат војската на Косово, во момент на кревка ситуација во Македонија, покажува дека тие се влошувачкиот фактор за безбедноста и стабилноста на регионот, истакна Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации