Ова ми беше прва тура со патници во животот и еве како се заврши. За утре имав закажано второ патување, раскажува Невена Мирковиќ, една од двата туристички водичи што биле во автобусот што излета од патот во близина на Белград вчера во 4.10 часот утрото.
Мирковиќ претпоставува дека возачот заспал, но тоа не ѝ е логично затоа што последната пауза од еден час ја направиле кај мотелот Предејане од 12 до 1 часот по полноќ.
– Возеше околу 3 часа. Речиси сите спиеја. Но како што чув од туристите автопатот беше празен. Се разбудив не затоа што почувствував удар, туку затоа што го слушнав лелекањето на возачот. Благодарение на среќата само сум полесно повредена. Требаше да седам до вратата, на местото за водичите, но истоварувавме патници 10 минути претходно па седнав зад возачот со колешката, раскажува Невена, која во несреќата здобила повреда на ногата.
Според неа, автобусот на еден километар од наплатната рампа ја пробил банкината и излетал од патот. Патниците, главно, од Нови Сад и ос Белград велат дека сите спиеле кога ги разбудило врескање на деца.
Речиси сите патници од автобусот се полесно или потешко повредени, а 35-годишната Драгана Пупиќ – Пољански го загуби животот. Таа со својата осумгодишна ќерка и со мајка ѝ се враќала од летување во Грција. Во моментот на несреќата во прегратки ја држела ќерката, која спиела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона