| четврток, 6 декември 2018 |

„Република“ директно ќе ја пренесува прославата на 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 25 години од основањето. „Република“ со почеток во 19 часот директно ќе ја пренесува прославата на овој значаен јубилеј.

„Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава“ е слоганот со кој денеска ќе се одбележи роденденот на партијата на плоштадот ВМРО. Се очекува пред членовите на партијата и гостите обраќање да има премиерот и лидер на партијата Никола Груевски.

Партијата е  идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893. По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top