СДСМ ги менува ставовите преку ноќ. Овојпат станува збор за договорот од 2-ри јуни. Изгледа опозицискиот лидер не може да се договори ниту со самиот себе. Имено, во соопштението кое беше дистрибуирано по вчерашната средба се наведуваше дека договорот од 2-ри јуни важи и СДСМ се враќа на него. Но, Заев неодамна не рече така.
СДСМ по првичните преговори се огради од договорот и челниците на партијата преку своите медиуми жестоко го нападнаа Јоханес Хан. Потоа одлучија да поставуваат ултиматуми, да даваат рокови и да избегнуваат било каков коментар.
И вчера СДСМ по којзнае кој пат се предомисли, а Заев застана во одбрана на договорот направен пред 18 дена во Скопје.
Во соопштение на Европската комисија, се цитира изјавата што Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети ја дадоа по состанокот, а во која се вели дека тие како лидери на главните политички партии се согласиле повторно да ја потврдат својата целосна посветеност на договорот од 2-ри јуни и да продолжи дискусијата за негова целосна имплементација на лидерско на ниво на 29 јуни.
– Ние, исто така, даваме поддршка на транспарентното ракување од страна на ЕУ со текстот на овој договор, како и на сите специфични препораки во однос на системските реформи во областа на владеењето на правото што треба да се спроведат во интерес на сите граѓани, го цитира Еврокомисијата договорот од Скопје направен вчера.
Опозициската партија на чело со Заев дејствува конфузно.
Премиерот Никола Груевски, опозицискиот лидер Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи по вчерашниот состанок во Скопје донесоа одлука да ја потврдат својата целосна посветеност на договорот од 2-ри јуни.
Овој договор е постигнат како рамка за излез од политичката криза во земјава.
Тие како лидери на главните политички партии во Македонија се согласиле да продолжи дискусијата за негова целосна имплементација на лидерско на ниво на 29 јуни.
Модалитетите и механизмите кои ќе обезбедат гарантирање на доверба во изборниот процес дополнително ќе бидат договорени. Она што веќе е прецизирано е дека предвремени парламентарни избори во земјава ќе се одржат во април следната година.
Според постигнатиот договор, се предвидува и враќање на опозицијата во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.