| четврток, 6 декември 2018 |

Спас(ов) за лидерот: Заев да стане Ганди?!

Ма­ке­дон­ски­от ли­дер на опо­зи­ци­ја­та, кој ве­ќе по сто­ти пат са­мо­стој­но и без по­го­вор, со по­мош на сопс­тве­но­то са­мо­де­ман­ти­ра­ње, го по­твр­ди пре­ка­рот Пиш­ман-аџи­ја, до­би но­ва за­да­ча од сво­и­те итри со­вет­ни­ци. Ве­ру­ва­ле или не, но еден од глав­ни­те под­др­жу­ва­чи, стра­те­зи и спро­ве­ду­ва­чи на ан­ке­ти по­ба­ра За­ев да ста­не Ган­ди?! До­бро­ин­фор­ми­ра­ни­от со­вет­ник не ба­ди­ја­ла пред­ла­га ра­ди­ка­ли­за­ци­ја. Знае де­ка опо­зи­ци­ски­от брод то­не

За вол­ја на ви­сти­на­та, чо­ве­кот што обо­жу­ва да игра раз­лич­ни уло­ги, очиг­ле­ден факт што се те­ме­ли и на не­го­во­то ма­ски­ра­ње на стру­мич­ки­от ма­скен­бал, из­ми­на­та­та го­ди­на до­би куп уло­ги од сво­и­те со­вет­ни­ци. Ка­ко на филм­ска лен­та се ме­ну­ваа за­да­де­ни­те, не­со­од­вет­ни рол­ји за ли­де­рот. Стар­ту­ва­ше со ре­во­лу­ци­о­нер­на­та уло­га на Че Ге­ва­ра, про­дол­жи со Сно­у­ден, вр­вот на транс­фор­ма­ции го до­стиг­на со „црп­на­ти­от“ спа­си­тел за да на­пра­ви стра­о­тен лу­пинг и да ста­не Скен­дер-бег… Проб­ле­мот е во тоа што си­те овие рол­ји беа оди­гра­ни за „Злат­на ма­ли­на“. Од Ер­не­сто го од­во­и­ја 12 ми­ли­о­ни при­чи­ни, во евра не­ли. Спо­ред­ба­та со Сно­у­ден ја „исвир­каа“ не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи на прес-кон­фе­рен­ци­ја за ед­на од пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“, лу­ѓе пла­те­ни за пра­ве­ње ма­сов­ност, но не и да го раз­бе­рат пра­ша­ње­то на но­ви­на­рот, кое тре­ба­ше да го воз­диг­не ли­де­рот. Спа­си­тел­ско­то во не­го, пак, бе­ше ин­стант уки­на­то со нај­но­ва­та уло­га на су­пе­рал­ба­нец, при што Агим (Зо­ран на ал­бан­ски) ста­на по­го­лем Ал­ба­нец од Ах­ме­ти и од Та­чи. Не мо­же­те да би­де­те мус­ли­ман и Исус, не­ли…

Ако до­се­гаш­ни­те уло­ги беа оди­гра­ни ка­та­стро­фал­но, што би тре­ба­ло да оче­ку­ва­ме до­кол­ку исти­от тој лик се на­фа­ти на нај­но­ва­та по­ну­да на ка­стинг-мај­сто­рот Спа­сов и ја за­и­гра уло­га­та на Ган­ди? Не­ин­вен­тив­ни­от стра­тег оваа рол­ја ја на­мет­на со сво­ја­та из­ди­ша­на, пре­пи­ша­на те­за за гра­ѓан­ска не­пос­луш­ност и „ган­ди­е­ви­за­ци­ја“ на от­по­рот на СДСМ. Ви­стин­ски­от проб­лем се на­ѕи­ра во очиг­лед­на­та кон­тра­ди­ктор­ност, ко­ја ве­ли де­ка За­ев не мо­же да би­де Ган­ди, ни­ту, пак, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те Ин­диј­ци. Поб­ли­ску се до Бри­тан­ци…

 

analiza145-2

„Спа­со­ви­за­ци­ја“ по­ра­ди до­бра ин­фор­ми­ра­ност?!

Ка­ко и да е, но­вос­па­ку­ва­на­та „спа­со­ви­за­ци­ја“ на Ма­ке­до­ни­ја бе­ше истре­се­на од ра­ка­вот на нај­поз­на­ти­от опо­зи­ци­ски спро­ве­ду­вач на ан­ке­ти, кој ја на­пра­ви нај­го­ле­ма­та утка на ми­на­ти­те из­бо­ри. Ток­му не­го­ва­та аген­ци­ја бе­ше таа што пре­диз­бор­но го прог­ла­си Пен­да­ров­ски за по­бед­ник на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. Раз­ли­ка­та си­те ја зна­е­ме, а со тоа и „та­по­ста“ на оби­дот на не­до­вет­ни­те. Но по­го­ле­ми­от проб­лем се по­ја­ви пост фе­стум. Слу­чај­но, а по­ве­ро­јат­но не, по­доц­на на „не­за­вис­на­та“ „Ал­сат-М“ се по­ја­ви не­об­ја­ве­на ан­ке­та на иста­та таа аген­ци­ја „Реј­тинг“, јав­но мис­ле­ње за од­но­сот на си­ли­те во пар­ла­мен­тот, на­пра­ве­на пред из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на. Ан­ке­та­та бе­ше од­лич­на, од­нос­но го да­де ре­чи­си ре­ал­ни­от и се­га­шен со­од­нос на си­ли­те. Ри­зи­кот бе­ше во ед­но­вре­ме­но­то и сил­но ури­ва­ње на твр­де­ња­та на опо­зи­ци­о­не­ри­те за не­ка­ков си фал­си­фи­кат, кој по ОБСЕ им го до­ур­на Хан, па Стејт де­парт­мен­тот итн.

Ка­ко и да е – фа­кти­те ве­лат де­ка, освен ко­га са­ка­ат да из­ла­жат за да да­дат ве­тер во не­чии „во­соч­ни“ едра, аген­ци­ја­та, од­вре­ме-на­вре­ме си ја знае ра­бо­та­та, т.е. знае да го оце­ни ви­стин­ско­то јав­но мис­ле­ње. Сом­не­жот го по­твр­ду­ва и пос­лед­на­та из­ја­ва на Спа­сов во ко­ја по­ви­ка на гра­ѓан­ска не­пос­луш­ност, ка­ко единс­тве­но и пос­лед­но средс­тво за мож­но вра­ќа­ње на по­са­ку­ва­на­та пар­ти­ска по­ста­ва на власт. Низ ку­ло­а­ри­те ве­ќе одам­на кру­жат „му­а­бе­ти­те“ за ре­зул­та­ти­те од пос­лед­ни­те пар­ти­ски ан­ке­ти, но и ан­ке­ти на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Спо­ред си­те нив, ре­зул­та­тот е иден­ти­чен и ја­сен – вла­де­јач­ка­та ВМРО-ДПМНЕ и на­та­му е во се­ри­оз­на, огром­на пред­ност во од­нос на опо­зи­ци­ја­та, факт што ја од­да­ле­чу­ва и пра­ви не­воз­мож­на ми­си­ја­та за вра­ќа­ње на власт. Мно­гу ве­ро­јат­но, но со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от спро­ве­ду­вач на ан­ке­ти до­шол до ре­зул­та­ти­те на сво­и­те ко­ле­ги, осо­бе­но тие што се на­ра­ча­ни од ЕУ и од САД, па со­о­чен со ка­та­стро­фа­та што над­вис­ну­ва над не­го­ви­те опо­зи­ци­о­не­ри, пред­ла­га ра­ди­ка­ли­за­ци­ја на дејс­тву­ва­ња­та. Очај­ни­кот се фа­ќа за слам­ка, а до­бро­ин­фор­ми­ра­ни­от оча­ен спро­ве­ду­вач на ан­ке­ти за слам­ка­та на­ре­че­на ра­ди­ка­ли­за­ци­ја. Иа­ко, све­сен де­ка и таа не мо­же да ја на­до­пол­ни опо­зи­ци­ска­та праз­на гла­сач­ка ку­ти­ја…

 

analiza145-3

Ако мо­же Дра­ку­ла, мо­же и Ган­ди

Нес­пор­на е го­ле­ма­та ве­ро­јат­ност со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от ли­дер на след­ни­от стру­мич­ки ма­скен­бал да се ма­ски­ра во Ган­ди. Имај­ќи пред­вид де­ка исти­от тој бе­ше Дра­ку­ла, па Огин, па Са­му­рај и што ли не, Ган­ди и не му е го­лем пре­диз­вик. Ед­но­став­но, ќе тре­ба са­мо да ја из­бри­чи гла­ва­та. Му­ста­ќи­те, на­ме­тка­та, ста­пот и очи­ла­та се лес­на за­да­ча за сце­но­гра­фи­те од „Па­вел Ша­тев“, кои не­маа проб­лем ни­ту да до­да­дат 80.000 лу­ѓе на про­те­стот пред вла­да­та…

Но уло­га­та што му ја на­мет­на Спа­сов во ре­ал­но­ста, ед­но­став­но ,не му од­го­ва­ра. Пр­во и ос­нов­но, бом­баш не ста­ну­ва Ган­ди, лич­ност што е сим­бол на па­сив­ни­от от­пор. Вто­ро – сми­ре­но­ста и скром­но­ста не се нај­го­ле­ми­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на ли­де­рот од Мур­ти­но, ни­ту, пак, ми­на­ти­от труд во по­до­бру­ва­ње­то на чо­ве­ко­ви­те пра­ва во Јуж­на Афри­ка. Ток­му таа зем­ја, за ма­ке­дон­ски­от „црп­нат“ спа­си­тел, спо­ред не­го­ва из­ја­ва, бе­ше си­но­ним за дро­га и за нар­ко­кар­те­ли?! За дру­ги­от дел од све­тот е сим­бол на по­де­ле­но­ста и на апарт­хеј­дот, а ли­де­ро­ви­от си­но­ним е по­до­бен за Јуж­на Аме­ри­ка, но и та­ка – за дру­ги­от дел од све­тот (ОБСЕ, ЕУ, САД) имав­ме од­лич­ни из­бо­ри во 2014 го­ди­на, но не и за не­го…

На иде­ја­та за упо­тре­ба на Ган­ди­е­ви ме­то­ди во нив­на­та би­тка со са­мо­за­мис­ле­ни­от ре­жим, Спа­сов бе­ше пот­тик­нат или, по­до­бро ка­жа­но, ири­ти­ран од, ка­ко што и са­ми­от ве­ли, „ди­ско­за­ба­ви­те“, кои тре­ба­ло да се за­ме­нат со гра­ѓан­ска не­пос­луш­ност. По­втор­но, спро­ве­ду­ва­чот на ан­ке­ти е до­бро ин­фор­ми­ран за ре­ал­ни­от од­ѕив на опо­зи­ци­ски­те „за­ба­ви“ пред вла­да­та, кои освен што се­ко­ја ве­чер им но­сат еден куп сом­ни­тел­ни ли­ца, жел­ни за до­бра и бесп­лат­на за­ба­ва, им до­не­соа и си­лен потс­мев и не­о­до­бру­ва­ње од гра­ѓа­ни­те. Неј­се што тоа мно­зинс­тво за вр­ху­шка­та и за из­бра­ни­те су­персдс­мов­ци за пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­да­ти е сто­ка,, спро­ве­ду­ва­чот на ан­ке­ти до­бро знае де­ка ток­му тој на­род гла­са на из­бо­ри и но­си по­бе­да. Или во овој, нив­ни слу­чај – по­раз.

 

analiza145-4

Пу­ста­та жел­ба на сдсмов­ски­те бра­ма­ни

По­ве­ден од „ди­ско­за­ба­ви­те“, ре­тро­и­зраз по­го­ден на не­го­ва­та „по­ста­ра“ ге­не­ра­ци­ја, исти­от тој се фа­ти за слам­ка­та на­ре­че­на ра­ди­ка­ли­за­ци­ја и по­ба­ра:

„Ма­сов­но неп­ла­ќа­ње сме­тки за ра­ди­о­ди­фу­зи­ја, неп­ла­ќа­ње сме­тки за стру­ја, неп­ла­ќа­ње сме­тки за мо­бил­ни­те опе­ра­то­ри, штрај­ко­ви на ни­ско пла­те­ни­те ра­бот­ни­ци во стран­ски­те ком­па­нии, про­те­сти и бло­ки­ра­ње на рас­крс­ни­ци­те во вре­ме на нај­го­ле­ми­от со­о­бра­ќај, бло­ки­ра­ње на вле­зо­ви­те на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции и соз­да­ва­ње свест де­ка без сог­лас­ност на опо­зи­ци­ја­та, Гру­ев­ски не мо­же да вла­дее“, на­пи­ша Спа­сов. Неј­се што исти­от тој збо­ру­ва за иста­та таа МТВ, ко­ја пос­лед­ни­те две го­ди­ни за 100 про­цен­ти го по­до­бри ква­ли­те­тот на сво­ја­та про­гра­ма (нив ги бо­лат ве­сти­те, не­ли), или мо­бил­ни­те опе­ра­то­ри, чи­ја­што ми­ну­та во нив­но вре­ме чи­не­ше ма­ло бо­гат­ство, стран­ски­те ком­па­нии, чи­и­што ра­бот­ни ме­ста (пла­те­ни до­бро или не) во­оп­што и не по­сто­е­ја или, мо­же­би, за бло­ка­да на кр­стос­ни­ци­те на се­гаш­ни­те бу­ле­ва­ри, кои по­ра­но беа са­мо ули­ци…

Ка­ко и да е, очај­нич­ки­от со­вет на до­бро­ин­фор­ми­ра­ни­от спро­ве­ду­вач на ан­ке­ти има до­бра под­ло­га во број­ки­те што не ве­ту­ва­ат ни­што до­бро за не­го­ва­та опо­зи­ци­ја, во чи­и­што „злат­ни вре­ми­ња“, зас­луж­ни­от пар­ти­ец бе­ше ге­не­ра­лен се­кре­тар на СДСМ, екс-ми­ни­стер и ам­ба­са­дор. Очиг­лед­но, не­го не го за­гри­жу­ва фа­ктот што ва­кви­те со­ве­ти, до­кол­ку се оте­ло­тво­рат во пос­луш­на­та пар­ти­ја, жед­на за ка­ква и да е иде­ја, ќе оста­ват без пла­та ил­јад­ни­ци лу­ѓе и исто тол­ку се­мејс­тва. Пра­ша­ње­то е и да­ли овие доб­лес­ни ква­зи­ре­во­лу­ци­о­не­ри ќе ги пла­тат из­вр­ши­те­ли­те што ќе за­тро­па­ат на вра­ти­те на пар­тиј­ци­те, кои ќе се „на­вес­ла­ат“ на глу­па­ва­та иде­ја? Нај­ве­ро­јат­но ни­што од на­ве­де­но­то, раз­бир­ли­во за ли­ко­ви што на се­бе гле­да­ат ка­ко на ма­ха­ра­џи, или при­пад­ни­ци на нај­ви­со­ка­та ка­ста Бра­ма­ни – пре­до­дре­де­на да вла­дее со тол­па­та и со ов­ци­те, фи­ло­зо­фи­ја да­ле­ку од дог­ма­та на Ган­ди, кој освен про­тив Бри­тан­ци­те се „бо­ре­ше“ и про­тив оваа оп­штес­тве­на по­ја­ва.

Збо­ру­ва­ме за ми­ли­он­ски „на­фа­ти­ра­ни“ ки­ра­џии, тен­дер­џии, моќ­ни­ци и што ли не. Ин­ди­ска­та исто­ри­ја да­ва до­бар опис на дел од ли­ко­ви­те… Во неа Бра­ма­ни­те се дел од ка­ста­та, чи­е­што ви­со­ко обра­зо­ва­ние им овоз­мо­жи­ло за­ни­ма­ва­ње со за­ко­но­дав­ни­те и пра­во­суд­ни ра­бо­ти, за со вре­ме да ги пре­зе­мат си­те по­важ­ни за­ни­ма­ња во др­жа­ва­та („Ви­ки­пе­ди­ја“). Ана­ло­ги­ја­та со ма­ке­дон­ски­те 90-ти и соз­да­ва­ње­то или по­ве­ро­јат­но – кре­и­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­на и по­ли­тич­ка ели­та, ко­ја до ден-де­не­шен со си­те средс­тва са­ка по­втор­но да би­де ели­та, иа­ко се­га е до­бро про­чи­та­на, е нес­пор­на. Нив­ни­от ели­ти­зам и ин­те­ле­кту­ал­ност ис­чез­на исто ка­ко и бра­ма­ни­те по Ган­ди. Иа­ко и де­не­ска, исти­те тие се оби­ду­ва­ат да се вра­та на сво­и­те ста­ри по­зи­ции во та­тко­ви­на­та на „Ма­хаб­ха­ра­та“ и на „Ра­ма­ја­на“… Се­пак, на на­ши­те ми­то­ло­шки, и ни­ка­ко по­и­на­кви, „деј­ци“ по­до­бро им од­го­ва­ра грч­ка­та ми­то­ло­ги­ја. Во одол­жу­ва­ње­то на нив­на­та „Оди­се­ја“ од „Па­вел Ша­тев“ на „Илин­ден­ска“, пак, им за­стра­ни и пла­ни­ра­на­та „Де­ус екс ма­ки­на“ или Бож­ја ра­ка на ко­ја тол­ку се на­де­ваа. Во пре­вод, „др­жа­во­твор­ци­те“ (име кои са­ми си го из­мис­ли­ја) ни­ту ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ве­ќе не ги са­ка, а ни Хан не ги еса­пи…

 

analiza145-5

Ре­сав­ска шко­ла во СДСМ, пак…

Во не­до­стиг од идеи и ори­ги­нал­ност, кон­тра­ди­ктор­ни­те бра­ма­ни вљу­бе­ни во „па­па­та“ се вра­ти­ја низ сопс­тве­на­та исто­ри­ја и пре­пи­шаа. И та­ка, пог­ле­дот кон ид­ни­на­та е мра­чен за пар­ти­ја­та, па по ли­ни­ја на по­мал ду­ше­вен от­пор, со по­мош на вре­меп­ло­вот се вра­ти­ја во ми­на­то­то и иско­пи­раа уште ед­на не­ус­пеш­на, не­ло­гич­на и не­бу­лоз­на иде­ја. Тоа што Спа­сов го пред­ла­га де­не­ска не е ни­што но­во. До­кол­ку се­га на ше­га го на­ре­ку­ва­ме „спа­со­ви­за­ци­ја“ на Ма­ке­до­ни­ја, то­гаш го на­ре­ку­вав­ме „фрч­ко­ви­за­ци­ја“. Нас­ло­ве­но­ста на дејс­тву­ва­ње­то вед­наш го откри­ва не­га­тив­ни­от и се­ко­гаш ли­це­мер­но нас­ме­ан лик на авто­рот, кој ве­ќе три го­ди­ни го про­па­ги­ра ка­жа­но­то од Спа­сов. Фа­ктот што овој не­гов труд оста­ну­ва не­поз­нат за гра­ѓа­ни­те, збо­ру­ва до­вол­но за не­се­ри­оз­но­ста и за глу­па­во­ста на иде­ја­та. Го­ле­ми­от љу­би­тел на гра­ѓан­ска­та не­пос­луш­ност, кој во сво­и­те дол­го­ме­траж­ни тек­сто­ви, пре­пол­ни со ин­тер­на­ци­о­на­лиз­ми и со не­о­ло­гиз­ми, кои са­мо не­му му се поз­на­ти, актот го оз­на­чу­ва со не­му ми­ло­то Г.Н., иа­ко не­кој лин­гвист би тре­ба­ло до­бро да му по­доб­јас­ни око­лу соз­да­ва­ње­то на кра­тен­ки­те и осо­бе­но за упо­тре­ба­та на точ­ки­те во нив, го про­па­ги­ра ова во се­ко­ја мож­на при­го­да, но ба­ди­ја­ла… Исти­от тој што се потс­ме­ва­ше со на­ро­дот од ТВ-сту­дио, па­ра­лел­но со идо­ло­пок­ло­ни­кот и екс­перт за сто­чарс­тво Пен­да­ров­ски, се­га ста­на идол и на Спа­сов. Еден од ко­мен­та­ри­те, пак, кои со пре­пи­ша­ни­те ста­во­ви на Фрч­ков­ски Спа­сов ги до­би на со­ци­јал­ни­те мре­жи, бе­ше: „Аман, лу­ѓе, ако не ја са­ка­те и не ви од­го­ва­ра др­жа­ва­та и на­ро­дот – исе­ле­те се бре!“

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 145. број на неделникот „Република“, 12.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top