| четврток, 6 декември 2018 |

Последна фаза од обновата на источниот конак од манастирот „Св. Архангел Михаил” во прилепската населба Варош

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп интензивно работат на третата, последна фаза од темелната реконструкција на источниот конак од манастирот „Св. Архангел Михаил” во Варош, Прилеп, која е предвидено да заврши до октомври годинава. Третата фаза ги опфаќа активностите околу завршните работи на подовите, таваниците, поставување на  санитаријата и монтирањето  на вратите и прозорците на новиот конак кој се гради на површина од 292 метри квадратни.

varos

Проектот за обнова на источниот конак од црквата „Свети Архангел Михаил”, која е главната и единствена манастирска црква во варошкиот манастир, е дел од програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за култура и неговата реализација е потврда за грижата за непроценливите културни вредности и културното наследството.

varos1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top