Рафаел Бенитез и Реал Мадрид сеуште се тивки на трансфер-пазарот, и полека но сигурно се загреваат за нови играчи. Шпанецот полека ги склопува коцките околу новите играчи кои би го засилиле гигантот од Мадрид и не брза со доведување на нови имиња.
Јасно е дека „кралевите“ го посакуваат шпанскиот голман Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед на својот гол, но дефинитивно ќе има засилувања и за останатите линии во составот. Според шпанските медиуми, Бенитез посакува да го засили средниот ред со Раџа Наинголан, фудбалерот на Рома и белгиски репрезентативец.
– Мислам дека Наинголан ќе остане во Рома, но доколку пристигне официјална понуда од Реал Мадрид, тогаш работите би можеле да се променат. Секако дека повик од шпанскиот гигант многу би му годел на Раџа – изјави Лудовик Спиноси, агентот на белгискиот интернационалец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)


