| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Заев не сака Груевски да се повлече веднаш?

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

1.
Портпаролот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја потврди поддршката на Европската комисија за Јоханес Хан. Дали сега соросоидите ќе распукаат и против Јункер, а Груевски повторно ќе го издигнат на ниво на Чак Норис, кој успева да контролира кого сака и да организира што и да замисли?

2.
Соросовите медиуми го направија Груевски најмоќниот човек не само во Македонија туку и во регионот. Дури и во Европа. Прво сам прислушувал 20.000 граѓани, потоа сам ја нападна владата со ракетни фрлачи, го организираше нападот во Гошинце. Тој стоеше и зад теро­ристичкиот напад во Куманово и ги договараше припадниците на УЧК да предизвикаат инциденти во државата. Груевски, исто така, со години присилува стотици илјади граѓани да гласаат на избори за ВМРО-ДПМНЕ. Тој со сила собра и 100.000 граѓани на митинг. Но, тоа не е сѐ. Најновите теории на Соросовите „експерти“ се дека Груевски го контролира дури и Јоханес Хан, како и другите европратеници што учествуваа во преговорите за надминување на кризата. Според нив, премиерот може да контролира сечиј ум, само не на Заев. Во што би можел да биде проблемот?

3.
Заев сѐ повеќе дејствува како портпарол на Сорос и очигледно е дека веќе не може да постигне со исполнување на желбите на Соросовите перјаници. Им ја исполни желбата да пропаднат преговорите во Брисел, откако го погази зборот даден во Скопје. Се изрезили и себе и државата пред странските дипломати со одбивањето на учеството на средбата, а потоа сам се помножи со нула по експресното премислување. Бараше итно и безусловно повлекување на премиерот од функцијата, а сега бара безусловно прифаќање бугарски модел на преодна влада, која би се формирала шест месеци пред секои следни избори. Нема да биде чудно ако до април Заев и неговите советници побараат ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на следните избори. На оваа тема веќе ги видовме првите халуцинации на Соросовите аналитичари, кои бараат уништување на ВМРО-ДПМНЕ.

4.
Заев признава дека Груевски сѐ уште имал висок рејтинг и не му било јасно зошто е тоа така. Не верувам дека не знае, но ако е така, најдобро е да побара одговор од неговите домашни и странски ментори. Тие сигурно знаат дека граѓаните никогаш не даваат поддршка на политичар што ги продава националните интереси, што ја загрозува безбедноста и иднината на државата, а згора на сѐ не нуди ништо што би ја подобрило иднината на народот. Прашањето е само зошто никој од неговите пријатели не му го кажува тоа?

5.
Повеќе од јасно им е на сите, па и на Заев и на СДСМ дека опозицијата и по сите таканаречени бомби и сценарија за насилно уривање на власта не успеа да ја придобие поддршката од граѓаните. Затоа сега бегаат од избори како ѓавол од крст, а со тоа свесно му го продолжуваат мандатот на „диктаторот“. Ако Заев, навистина, сака да го спаси народот од режимот и има намера веднаш да го симне Груевски од власт, тоа може да го оствари со прифаќање избори во најбрз можен рок. А ако навистина, како што тврди опозицијата, Заев „има во рака“ техничка влада три месеци пред избори, во тој случај Груевски уште утре би ја распуштил оваа влада. Зар тоа не е главната цел на „борците за демократија“?

6.
Советниците на Заев бараа помош од ЕУ да се вклучи во решавањето на кризата. Сега по нив фрлаат со дрва и камења. Сега се крстат во Викторија Нуланд. Посакуваат да го пренесе нејзиното украинско искуство, но очигледно дека и нејзе не ѝ веруваат сто проценти, па затоа уште сега потсетуваат на онаа нејзина позната реплика од прислушуваниот разговор „fuck the EU“. За секој случај.

7.
Мирослав Грчев ќе го искоренувал ВМРО од македонското ткиво. Не кажа што планира да вгради во македонскиот ген? Генот на Сорос? Ај што звучи бедно и трагикомично, но може ли некој да замисли како Грчев би го исполнил тоа што го заговара?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top