| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот ракометен камп во Македонија (Фотогалерија)

Во организација на Ракометната академија „Алушовски“ во Маврово се одржува ракометен камп за млади таленти во машка и во женска конкуренција.
Како главен организатор се појавува името на прославениот македонски репрезентативец Стевче Алушовски. Овој камп брои повеќе од 50 деца од цела Македонија, а со нив работат повеќе реномирани тренери од нашата држава.
Како гости кои се поканети на кампот се одзваа големи имиња од ракометот од нашата држава, а меѓу нив се репрезентативните голмани Петар Ангелов и Никола Митревски, Столе Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски, како и тренерите Андон Бошковски и големото светско име Веселин Вујовиќ, кој ја искористи можноста да биде гостин на кампот на Стевче Алушовски.

фото: фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top