| четврток, 6 декември 2018 |

На Семинарот за македонски јазик промоција на антологија на балканската поезија „Светиот пат“ од Раде Силјан

Вечерва во Охрид, во рамки на програмските активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература, ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“ од поетот и литературен критичар Раде Силјан.

Во делото се застапени 206 поети од дванаесет балкански држави Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.

Изданието ќе го промовира Кристина Николовска, а стихови ќе читаат познати македонисти од балканските држави, учесници на меѓународниот семинар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top