Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сѐ уште е можен договор за грчкиот долг, како и дека таа и натаму верува оти Владата во Атина може да постигне договор со своите кредитори ЕУ, Европската централна банка (ЕЦБ) и ММФ.
Според Меркел, германскиот Бундестаг напорно работи за да ја задржи Грција во еврозоната, но Атина мора да се определи за реформи, кои ќе мора да бидат спроведени.
– Доколку постои волја, тогаш има и решение – рече канцеларката Меркел. Нејзината изјава доаѓа пред денешниот состанок на европските министри за финансии што се одржува во Луксембург.
На грчката влада на премиерот Алексис Ципрас ѝ остануваат помалку од две недели да се договори со кредиторите или се соочува со банкрот.
До крајот на овој месец, земјата треба да врати 300 милиони долари од ануитетот за земените кредити од 1,6 милијарда од ММФ.
Заменик-министерот за надворешни рабти на Грција, Еуклид Цакалотос, изјави дека без помош од надвор, земјата не може да ги подмири обврските, а не може да ја исплати и првата следна рата, која доспева на 30 јуни.
– Во овој момент, Грција нема пари за тоа – признал Цакалотос во изјава за радио „Би-Би-Си“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.