| четврток, 6 декември 2018 |

Ликовна изложба на Христо Петрески во Куманово

Во националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на 18-ти јуни со почеток во 20 часот, ќе се одржи ликовна изложба на писателот Христо Петрески.

Изложбата е со заеднички наслов Сликајќи го џезот, а ќе бидат изложени повеќе од 40 негови ликовни дела.

Неодамна, оваа тематска изложба посветена на музиката и џезот беше поставена во Скопје и Битола.

Инаку, Христо Петрески има излагано во повеќе градови во Републикава: Скопје, Битола, Прилеп, Радовиш, Ресен, Кавадарци, Неготино, Демир Капија…

Од страна на Меѓународното списание Диоген про култура е прогласен за уметник на иднината и посветен му е цел тематски број на ова значајно и луксузно списание на повеќе од 100 страници со повеќе од 100 негови ликовни дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top