Грчкиот премиер Алексис Ципрас смета дека кредиторите се обидуваат да ја уништат неговата влада и дека нивните барања за дополнителни мерки за штедење се политички мотивирани, пренесува БТА.
Ципрас изјави дека сака договор што ќе стави крај на приказните за напуштање на еврозоната од Грција, но нагласи дека неговата влада дошла на власт со цел да стави крај на мерките за штедење.
– Мандатот што го добивме од грчкиот народ е со цел да ставиме крај на политиката на штедење – изјави тој пред пратениците од неговата левичарска партија СИРИЗА.
Според Ципрас, за тоа да се постигне, потребен е договор што рамномерно ќе го подели товарот и што нема само да ги погоди работниците и пензионерите.
Грчкиот премиер изјави дека Европската централна банка бара финансиско „задушување“ на Грција и ги обвини ЕЦБ и ЕК дека одбиваат да понудат отпишување на долгот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.