Опозицискиот лидер Зоран Заев при синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат-М телевизија не ги негираше тврдењата дека еврокомесарот Јоханес Хан бил пристрасен или дека бил поткупен, како што тврдеа тој и дел од неговите советници и поддржувачи.
Имено, Заев запрашан токму за наводната пристрасност на Хан не ги негираше ваквите тврдења, туку рече дека не можел Хан да му го сруши еден од неговите најсилни аргументи, а тоа дека изборите во 2014 година биле нефер и недемократски, наспорти тврдењата на еврокомесарот.
-Кога кажа дека позитивен бил извештајот на ОБСЕ и ОДИХР во 2014-та, реагиравме веднаш во истиот момент. Тоа ми е еден од најсилните аргументи во преговорите. Како може тој да ми го уништи со невнимателна изјава – рече Заев.
На случајот со наводната пристрасност на Хан претходеа серија напади кон еврокомесарот од страна на советниците на Заев како Бранко Героски, Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин и Сашо Ордановски кои всушност раководат со опозицијата, но и од страна на други опозициски поддржувачи кои отворено тврдеа дури и дека еврокомесарот бил поткупен.
СДСМ и нејзините поддржувачи имаа остри неосновани критики кон Хан веднаш по неговата изјава во Вашингтон. Опозицијата обвинуваше и ширеше ггласини за наводна пристрасност на еврокомесарот во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кон нападите врз Хан се приклучи и директно Заев на прес-конференција во која првично објави дека нема да присуствуваат на преговорите во Брисел.
-Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија – рече Заев.
Во острите напади кон Заев веднаш се приклучи најтесната соросова клика предводена од главниот опозициски стратег Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски. Напаѓајќи го Хан, Героски на неговиот портал Плусинфо, пишуваше дека преговорите се минирани и дека еврокомесарот Хан “говори се најдобро за режимот на премиерот Груевски, а се обидува да го „превесла“ СДСМ“.
И новинарот близок до СДСМ Бранко Тричковски, исто така се приклучи на острите критики кон Хан.
-Тоа не е слободна зона на неговите уверувања, туку зона на кршење на сите начела и прописи на организацијата што го избрала, сè до зоната на кривичната одговорност за соучесништво и помагање во најтешките форми на криминал! – пишуваше Тричковски.
Обвинувањата на опозицијата кон Хан стигна доттаму што дури некои нејзини поддржувачи тврдеа дека Хан можеби бил поткупен. Таков беше примерот со соросовиот активист, актерката Синоличка Трпоковска, која обвини дека можно е комесарот Јоханес Хан да е поткупен.
-Нема да ја исклучам можноста дека Хан би можел да биде “(пот)купен”.
Наспроти ова, Европската комисија излезе со жестока реакција за Обвинувањата од опозицијата и СДСМ, порачувајќи дека политичките лидери треба да се фокусираат на постигнување финален договор затоа што вперувањето прст кон комесарот не им помага и уште полошо- не и помага на земјата.
Во својата реакција ЕК велеше дека секое обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да дојдат до решение на кризата се целосен нонсенс и немаат никаква основа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.