Задачата да состават влада треба да ѝ биде доверена на опозицијата во Турција, која има мнозинство во парламентот по изборите на 7 јуни. Тоа го изјави лидерот на најголемата опозициска партија Кемал Калачдароглу.
Според лидерот на Народнорепубликанската партија, „неприфатливо“ е претседателот Реџеп Таип Ердоган да биде клучен политички играч додека се водат преговори за коалиција.
– Ердоган треба да се ограничи до уставните граници – смета Калачдароглу, кој ја даде изјавата на прес-конференција во Анкара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.