| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во третиот барабан на Европското првенство во Полска

По победата над Чешка во последното коло од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година, Македонија избори пласман на завршницата и по четврти пат ќе игра на ЕП.
Челниците на ЕХФ веднаш по завршувањето и комплетирањето на последното коло по кое се знаат сите учесници го објавија изгледот на барабаните, по што победниците на групите и домаќинот Полска се во првите два барабани, за разлика од второпласираните селекции, кои заедно со најдобрата трета репрезентација, Црна Гора, се најдоа во третиот и во четвртиот барабан.

Заедно со Македонија се наоѓаат Русија, Германија и Белорусија, што значи дека со овие земји нема да можеме да се сретнеме во групната фаза од ЕП 2016.

Организаторот имаше право пред ждрепката да распореди по една селекција во секоја од групите, па така Полска ќе биде дел од групата А во Краков, Хрватска ќе ги игра мечевите од првата фаза во групата Б во Катовице, Германија е „распоредена“ во групата Ц во Вроцлав, додека Данска ќе биде дел од групата Д во Гдањск.

Барабан 1: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска.

Барабан 2: Исланд, Полска, Шведска, Унгарија.

Барабан 3: Русија, Македонија, Германија, Белорусија.

Барабан 4: Србија, Норвешка, Словенија, Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top