| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го игра решавачкиот дуел со Чешка од ракометните квалификации

ракомет
Македонската ракометна селекција попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ против Чешка го игра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство во Полска. По петте одиграни натпревари и двете селекции имаат по 5 бодови и во директен дуел ќе решаваат за второто место во групата.

Последен проблем за селекторот Ивица Обрван е повредата на мускулот на Филип Миркуловски заработен на тренингот во петокот, а дополнително беше повикан Горан Кузманоски.
– Миркуловски за оваа репрезентација по Кире Лазаров е еден од најважните играчи. Сепак, ова е важен натпревар и мора да се победи за да продолжи континуитетот на настапи на големи настани. Ќе играме без „првата бековска линија“. Чешка е квалитетен состав, иако и тие имаат повредени играчи и ќе играат без Филип Јиха. Во нашите отсуства тие гледаат своја шанса и од тие причини не смееме да дозволиме кикс, изјави Филип Лазаров.
Натпреварот Македонија – Чешка почнува во 17:45 часот, а на вториот дуел од нашата група вчера Франција ја победи Швајцарија со 31:23 и со максимални 12 бода го освои првото место во групата.
Победникот од дуелот во Скопје ќе го освои второто место, додека нерешен резултат до 27:27 и одговара на Македонија, а доколку биде со повеќе голови (на пр. 28:28 и повеќе) ќе биде во корист на Чешк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top