| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколни температури до среда, потоа доаѓа заладување

Метеоролозите најавуваат пеколни температури во недела и наредните денови, кои во понеделник може да достигнат и до 37 степени Целзиусови. Земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, па дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ветровито и претежно сончево ќе биде во понеделник.

Од вторник повторно ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, особено во планинските региони и ќе започне да дува претежно северен ветер.

Во среда и четврток се очекува ќе биде променливо и нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во попладневните часови. Тогаш дневната температура на воздухот ќе опадне за околу 6 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top