Температура од високи 56 Целзиусови степени денеска ги зафати жителите на Анталија, турски град на југозападот на медитеранскиот брег.
Иако климата во овој ден со повеќе од 300 сончеви денови во годината е премногу сува и топла, слични температури претходно не биле забележани во почетокот на туристичката летна сезона.
Се мачат и животните во зоолошката градина, кои се одмараат во ладовина со порција од свежо овошје и водени прскалки кои константно работат.
Во меѓувреме, во градот на улиците видливи се траги од стопен асфалт, додека жителите бараат освежување и спас од топлината. Најмладите уживаат капејќи се во фонтаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.