| четврток, 6 декември 2018 |

Пролетта дојде на време: Следат денови со сонце и високи температури

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд во североисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 15, Битола 17, Дојран 20, Кавадарци 19, Берово и Крива Паланка 13…

Од утре па до крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на јужно воздушно струење. Времето ќе биде стабилно и потопло, освен во вторник кога повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе достигнуваат и до 22 степени, прогнозира УХМР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top