| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува второто издание на „Паратисима Скопје“

Второто издание на интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ ќе биде отворено вечерва (12-ти јуни) во Младинскиот културен центар.

Ќе се претстават преку сто автори од локалната и интернационалната уметничка сцена, вклучувајќи ги и Јужна Кореа, Америка, Иран, Италија, Грција, Црна Гора, Србија, Русија, Австрија, Норвешка, Данска…

На отворањето, покрај главната изложба, ќе бидат изведени три авторски перформанси и два концерта меѓу кој е и настапот на еден од основачите на The Bad Seeds на култниот Nick Cave.

За време на викендот „Паратисима Скопје“ ќе биде отворена за јавноста од 10 до 22 часот и ќе понуди богата програма која покрај изложбениот дел вклучува и концерти, работилници, перформанси, видео проекции, поетски читања и бројни други мултимедијални содржини.

Влезот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top