Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе биде отворено второто издание на интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“. Ќе се претстават преку сто автори од локалната и интернационалната уметничка сцена, вклучувајќи ги и Јужна Кореа, Америка, Иран, Италија, Грција, Црна Гора, Србија, Русија, Австрија, Норвешка, Данска.
На отворањето, покрај главната изложба, ќе бидат изведени три авторски перформанси и два концерта меѓу кој е и настапот на еден од основачите на „The Bad Seeds“ на култниот Ник Кејв.
За време на викендот „Паратисима Скопје“ ќе биде отворена за јавноста од 10 до 22 часот и ќе понуди богата програма која покрај изложбениот дел вклучува и концерти, работилници, перформанси, видео проекции, поетски читања и бројни други мултимедијални содржини. Влезот е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мода, дизајн, перформанс, музички настани, проекции, работилници на четвртата „Паратисима Скопје“ во МКЦ
-
Повик за дизајнери и уметници за Паратисима Скопје 2017
-
Третпат „Паратисима Скопје“ од 10 до 12 јуни
-
Концерти, работилници, перформанси, поетски читања и видеопроекции на второто издание на „Паратисима“