Вториот интернационален саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Младинскиот културен центар.
Покрај главната уметничка поставка која надминува стотина авторски учества, програмата содржи и многубројни концерти, работилници, перформанси, поетски читања и видеопроекции.
Второто издание на „Паратисима Скопје“ е овозможено благодарение на значителните инвестиции од приватниот сектор во културниот развој. Со исклучителна професионалност и прецизност, Изложбениот хол на „Паратисима Скопје“ го осветлува „Електродизајн“, а дизајнот на изложбата е во изведба на „Стримформ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.