| четврток, 6 декември 2018 |

Нонковиќ: Заев даваше квазипредлози и ултиматуми кои од никого не беа поддржани

Новинарот Бобан Нонковиќ, кој е дописник на МИА од Брисел и соработник на телевизија „Сител“, во гостувањето во емисија „Јади бурек“, коментирајќи ги преговорите кои се одржаа меѓу политичките лидери од Македонија и еврокомесарот Јоханес Хан, истакна дека на 12- часовната дебата лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не учествувал  и давал квазипредлози и ултиматуми.

boban500

-Таму се одвиваа разговори кои го менуваа текот, каде се даваа предлози, но се разбира дека тие беа еднострани, бидејќи во дебатата таму не учествуваше Заев. Тој испрати неколку ултиматуми кои од никого не беа поддржани, не само од спротивставената страна, во случајот премиерот Груевски и делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ, туку воопштво никој здраворазумски не ги прифати бидејќи беа далеку од реалноста. Таквите неколку квази предлози и ултиматуми кои тој ги постави, тие потоа преку своите брифери надвор, на соросоидните новинари кои беа присутни донесени од нив таму се обидоа да ги претстават на јавноста како нешто за што се преговара и договори. Се разбира, да беше така, вчера ќе имаше договор, а не неуспех на преговорите, вели Нонковиќ.

Новинарот додава дека наспроти шпекулативните и лажни информации објавувани во соросовите медиуми тој не шпекулирал бидејќи, како што вели, не би било коректно кон македонското општество.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top