За неодговорното однесување на Заев и на Шекеринска, политичките тензии кои ги предизвикуваат и последиците за Република Македонија на својот профил на „Фејсбук“ се изјасни пратеникот Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.
„Прво, најголемата штета ќе ја претрпи македонското стопанство со предизвиканата политичка неизвесност која значително ќе ги демотивира домашните и странските инвеститори, а тоа ќе резултира со намалување на економскиот раст и ускратување на можностите за отварање на нови работни места. Второ, ваквата хазардна игра ќе нанесе штета на целото македонско општество со тоа што политичките тензии ќе продолжат да се прелеваат врз граѓаните, со заострување на нетрпеливоста меѓу различните политички поддржувачи, зголемување на политичката поларизација и зголемување на ризикот за меѓуетнички тензии“, пишува Милошоски.
И последно, нагласува тој, жртва на неодговорното политичко однесување на Заев е и уште повеќе ќе биде меѓународниот углед на Република Македонија, на штета на евроатланските аспирации на државата, а на задоволство на оние странски фактори кои и досега ги блокираа овие евроатлантски перспективи на нашата земја.
Накратко, ова неодговорно и хазардно однесувањето на Заев може да се опише со една поговорка: Што еден будала може да растури, сто паметни не можат да го поправат, пишува Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.