Надвор е толку жешко, што можеби и посакувате на работа да доаѓате по костим за капење. Доколку се двоумите што е професионално, а што несоодветно за во канцеларија, модните совети на „Ел“ ќе ви помогнат.
Заборавете на апостолките
Aпостолките апсолутно се забранети за носење на работа. Не сте на плажа. Ако веќе сакате да носите сандалки, тие мора да бидат што позатворени и кожни (никако пластични). Најдобар избор, сепак, се балетанките.
Никако само летен фустан
Голите рамена и грб не се соодветни во канцеларија, без разлика колку е топло. Наместо само фустан на прерамки или топ, додадете и летно сако, кошула или лесна памучна блуза со копчиња. Завртете ги ракавите и ќе изгледате одлично, а нема да ви биде непријатно и да се прашувате дали ова е преразголен изглед.
Што помалку додатоци
Во бизнис средина нема потреба од додатоци. Држете се до дискретен накит и никогаш не носете повеќе од 3 додатоци на вас. Пример – очила, часовник и ѓердан. Кога се двоумите искористете го модниот совет на Коко Шанел: Пред да излезете од дома, отстранете најмалку еден додаток.
Макси здолниште
Макси здолништето е одлично за летните денови, бидејќи пред се е удобно и и дозволува на кожата да дише, а од друга страна е соодветно за на работа. Покрај тоа ова лето е во тренд, па можете да ја комбинирате со светли и лесни блузи.
Заборавете на високите потпетици
Можеби изгледаат одлично на вас, но потпетиците со пета повисока од 7,5 цм не се соодветни чевли за на работа, без разлика на сезоната. Во лето, како и во пролет и во есен, најсоодветни се салонките со средна висина и оние со отворен прст.
Ведри бои во светли нијанси
Неутралните, како и светлите пастелни бои, ќе ви помогнат и во справувањето со топлината. Белата кошула е погодок во секое годишно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



