Германија ќе одбие да учествува во трет пакет финансиска помош за Грција дури и во случај да дојде до договор со меѓународните кредитори, тврди најтиражниот германски весник „Билд“.
Според весникот, наместо трет пакет помош, можно е проширување на сегашната втора програма со пари од други ставки кои нема да се користат, како, на пример, фондот за спас на грчките банки каде што има предвидени речиси 11 милијарди евра.
Но, и оваа мерка е можна само доколку владата во Атина се согласи да ги спроведе сите барани темелни реформи. Висок извор во германската влада за весникот тврди дека владата не сака да предизвикува штета за своите граѓани само затоа што одговорните во Грција не ја работата својата работа.
Изјавата доаѓа по сѐ поголемата опозиција што ја има канцеларката Ангела Меркел во сопствената партија каде по одбивањето на Грција да спроведе реформи многумина се противат Германија да продолжи со финансиската помош.
Доколку Грција се согласи со барањата на кредиторите да ги намали платите и пензиите, да го продаде непотребниот државнен имот и да ги промени законите за работнички права, таа може да добие 10,9 милијарди евра помош, со кои би успеала да ги преброди јули и август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



