Премиерот Никола Груевски по неуспешните преговори во Брисел истакна дека Зоран Заев пристигнал таму за да не се договори.
Груевски посочи дека целта на опозицискиот лидер е договор да не биде постигнат и цела работа да се одолговлекува.
– Целта на Заев е сите да живееме во Македонија како заложници негови, цела држава, два милиона луѓе, чекајќи да се разреши некаква криза. Да почне да тоне економијата, а избори да нема. Затоа што ќе ги загуби изборите, тој тоа го знае, истакна премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.