Со македонската групна изложба „Конекција 2“ беше отворен петтиот Фестивал на франкофонијата „Солеј“ во Созопол.
Седум изложби, десет концерти, научни трибини и работилници, ликовна колонија, се дел од содржините на овој значаен фестивал, на кој учествуваат уметници од Франција, Белгија, Бугарија, Романија, Грузија, Мароко, Либан и за првпат нашата земја.
Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија за оваа пригода претстави дела на 11 македонски уметници, кои веќе две години заеднички настапуваат во концепцијата „Конекција 2“ и преку нашиот Центар во Софија досега беа претставени на изложби во Велико Трново, Благоевград, Русе, Харманли, Пловдив и со две изложби во Софија.
Изложбата во Созопол ја отворија претседателот на општинскиот Совет на Созопол Красимира Германова, директорката на франкофонскиот фестивал „Солеј“ Александрина Исајлова и директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров. За нашето прво претставување на фестивалот владееше голем интерес како од публиката, така и од бугарските медиуми.
Проектот „Конекција 2“ е поддржан од македоското Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.