| четврток, 6 декември 2018 |

Севилја знае како се прават милиони и се освојуваат трофеи (фото)

Шпанскиот прволигаш Севилја работи одлично и само од трансфери на играчи во последните десетина години заработи 210 милиони евра. Последната продажба е од пред некој ден, а за трансферот на Алекс Видал во Барселона, Андалузијците ќе инкасираат 17 милиони евра.

Финансиската криза што ја мачеше Севилја го принуди раководството на клубот на поинаква стратегија, која се покажа како беспрекорна. Тактиката „купи ефтино, продавај скапо“ веројатно најдобро е презентирана токму во овој клуб, заедно со Порто двата најуспешни проекти за афирмација на играчите.

Патем и Севилја и Порто освојуваа и домашни и европски трофеи, а прашање е дали подолгорочното задржување на фубдалери ќе донесеше и некоја титула европски првак во витрините на клубот од Андалузија.

Погледнете го дрим-тимот, што Севилја го продаде во последните 10 сезони.

 

sevilja

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top