| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе присуствува на утрешната средба со Хан во Брисел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и делегација на партијата ќе присуствуваat на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, соопшти денеска прес-службата на СДСМ.

– Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ дека Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија – наведуваат од СДСМ.

Според СДСМ, искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, организрање влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за почнување можни преговори за решавање на политичката криза.

Од СДСМ очекуваат принципиелни разговори поставени на рамноправна основа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top