Австралискиот министер за надворешни работи, Џули Бишоп, изјави дека терористичката група Исламска држава се обидува да дојде до радиолошко оружје, познато како „валкана бомба“, јави ТАСС.
Во градовите во Ирак и Сирија под контрола на ИД, џихадистите собираат во медицински и научни центри радиоактивни материјали, што предизвикува стравување дека тие се стремат да создадат голема валкана бомба, изјави Бишоп, пренесува австралискиот весник „Острелиен“.
Кон крајот на минатата недела Бишоп, исто така, соопшти за обиди на ИД да се здобие со хемиско оружје.
– За таа цел екстремистите врбуваат искусни научници и специјалци, вклучително од западните држави – предупреди австралискиот министер за надворешни работи.
Според податоци на австралиските власти, џихадистите веќе употребиле хлор во напади во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.