| четврток, 6 декември 2018 |

Луксембург денеска на референдум

Жителите на Луксембург денеска на референдум треба да одговорат на три прашања: дали да им се дадат избирачки права на странците, дали да се намали возраста за гласање на 16 години и дали мандатите на министрите да се ограничат на 10 календарски години.

07062015102503_luksemburg

Доколку одговорот на овие прашања е „да“, Големото кнежество ќе стане првата земја од ЕУ која на странците им го дава правото да учествуваат на националните избори.

 

Околу 45 отсто од луѓето кои живеат во Луксембург се со странско потекло. Референдумот треба да реши дали да можат  да гласаат, откако во земјата минале 10 години.

-Не би сакал дефицити во демократијата. Сметам дека ќе биде добро доколку успееме да им дадеме пример на другите земји – изјави премиерот Ксавие Бетел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top